Јувентус ќе запише уште една сезона без трофеј откако во синоќешното финале во Купот на Италија загуби од Интер со 4-2 по продолженија. Како потсетување, преходно од истиот противник „старата дама“ го загуби и Суперкупот па се чини дека „нероаѕурите“ стануваат вистински кошмар за торинскиот клуб.
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри кој имаше неколку бурни реакции во текот на мечот во 104. минута од продолжението доби и црвен картон кој го објасни по мечот, а саркастично го пофали и судијата за одлично завршената работа.
„Некој од клупата на Интер во гужвата ми се приближи и ме удри. Полудев, а судијата мене ме исклучи. Честитки до него за добро сработеното финале“, изјави Алегри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА