Нема нов договор: Велковски пред разделба со Ријека

Македонскиот стопер Дарко Велковски е пред заминување од Ријека, и следната сезона ќе има нов ангажман. Репрезентативецот на Македонија веќе четири години е дел од овој хрватски тим, му истекува договорот на лето, и како слободен ќе може да оди во друга средина.

Хрватскиот тим е во дилема дали да му понуди нов договор, но како што пренесуваат медиумите, веројатно тимот нема да му понуди нова соработка, и ќе го пушти како слободен играч.

Тој во минатото играше за Вардар и Работнички. Со Вардар обезбеди пласман во Лигата на Европа, по што направи трансфер во Ријека.

Во зимскиот преоден рок беше пред трансфер во Малме, а имаше интерес и од Трабзонспор и од АЕК.

Се вчитува...