Легендарниот италијански фудбалер Роберто Баџо, откри дека на некој начин се разочарал од фудбалот после разделбата од Фудбалската федерација на Италија, во која имаше функција на технички директор.
Баџо во моментов живее со фамилијата на фарма каде што се занимва со физички работи.
„Не ме интересира никаква фотелја. Програмата која ја представив во ноември 2011 на 900 страници, остана мртва буква на хартија. Прифатив последици. Со нетрпение чекав да си заминам. Тоа што си заминав ме врати во живот, кислород. Сето тоа ме болеше, чувствував физичка болка“, рече Баџо.
После тоа добил неколку понуди да биде повторно во фудбалот, но одбивал.
„На луѓето им е чудно. Јас дури не ни гледам натпревари, не ме забавуваат. Незгодно ми е да судам на другите, но ги гледам поранешните соиграчи кои денеска говорат како некои се учители и авторитети, а се сеќавам дека не знаеја да шутираат“, рече Баџо, кој кажа што работи во моментов.
„Сечам дрва, користам трактор… Вечерта сум толку изморен што немам сила за ништо друго. Што се однесува до спорт, гледам кошарка. Сакам да гледам и женски фудбал, жените имаат страст и карактер“, изјави Баџо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА