Германски Блид открива детали од договорот на Халанд и Сити – голгетерот има „посебна клаузула“ за Реал Мадрид

Трансферот на Ерлинг Халанд во Манчестер Сити е топ тема во светот на спортот. Норвешкиот напаѓач на „Етихад“ ова лето ќе пристигне до редовите на Борусија Дортмунд, а и покрај официцијалната потврда од англискиот клуб остануваат нејасни деталите од трансферот.

Изминатите денови во медиумите кружеа разни податоци, но истите сега ги открива германскиот Блид кој ретко греши кога се во прашање овие ситуации. Медиумиот открива дека Манчестер Сити платил откупна клаузула од 75 милиони евра, но само 50 од нив ќе бидат наменети за Борусија Дортмунд.

Имено, 10 милиони ќе одат за менаџерската провизија на починатиот Мино Рајола, 10 милиони ќе му бидат платени на Ред Бул Салцбург, а пет милиони ќе бидат распреледели на поранешните клубови на Халанд, Брин и Молде.

Најинтересниот детал до кој дојде Блид е посебната клаузула во договорот со кој Норвежанецот до летото 2024 година ќе има откупна клаузула од 150 милини евра и покрај тоа што ќе потпише пет годишен договор. Истата е воведена поради Пеп Гвардиола и неговиот однос кон „ѕвездите“, но и на барање на Халанд доколку дојде до интерес од Реал Мадрид.

Со тоа на „кралскиот клуб“ му се дава можност за ангажман на голгетерот по завршувањето на договорот на Карим Бензема. Французинот има договор со Реал Мадрид до 2023 година, а очекувањата се дека соработката ќе продолжи и во 2024 година по што ќе дојде до промена во нападот.

Во следните денови треба да бидат познати нови детали од договорот како провизијата кон таткото на Халанд и платата која голгетерот ќе ја прима во Манчестер Сити. Шпекулациите се дека истата изнесува од 20 до 45 милиони евра на годишно ниво.

Се вчитува...