Ракометниот Куп на Македонија ќе се одржи во Кавадарци од утре па до недела, а на него Вардар ќе ја брани шампионската титула. „Црвено-црните“ пропуштија само еден трофеј во последните седум изданија, а во „Јасмин“ повторно ќе ја имаат фаворитската улога.
Сепак Куп натпреварувањето е такво каде нема фаворити, а победува оној кој повеќе ќе ја посака победата. Токму за тоа говореше и тренерот на скопскиот состав, Давид Дејвис кој вели дека е потребна максимална концентрираност уште во полуфиналето против Еурофарм Пелистер 2.
„Имаме ист притисок како и во натпреварите во лигата. Вардар секогаш победувал и играл на победа. Ние го сакаме и трофејот од купот, подготвени сме. Одбрана секој ден играме добро, и тренираме напорно. Купот е друго натпреварување, нема поправен. Има само еден натпревар и треба да се биде максимално спремен“, вели Давид Дејвис кој потоа продолжи:
„Имавме цела недела за тренирање. Игравме веќе со Еурофарм Пелистер 2, но добро е што можеме и да продолжиме да тренираме пред овие натпревари и да подобриме нешто во играта. Играње на неутрален терен секако е поразлично. Не секогаш во Купот победува тој што е фаворит. Затоа и треба да се биде внимателен, концентриран. Сакам да играме финале во недела, не е важно против кого ќе играме“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА