Барди со порака до навивачите на Леванте: Најави ли останување во клубот!? (ФОТО)

Еден од најдобрите македонски фудбалери Енис Барди со емотивна порака до навивачите на Леванте по синоќешниот пораз од Реал Мадрид, со кој тимот од Велансија по пет години елита се сели во Втората шпанска лига.

Токму пет години и Барди е дел од Леванте минувајќи блескави свои денови во овој клуб.

Ако се суди според интересот на дел европски клубови за неговите услуги, се очекува македонскиот репрезентативец ова лето да ја промени клупската средина. Но, ако се суди од пораката испратена до навивачите може и да се насетува дека Енис Барди ќе остане во Леванте и низ следната натпреварувачка сезона, најавувајќи дека заедно ќе се борат да го вратат клубот таму каде што му е местото.

„Дојдов во Леванте пред пет години, дојдов со желба да напредувам, со желба да живеам во голем клуб. Заедно поминавме низ добри и тешки моменти, а вчера без сомнение беше еден од најтешките моменти во мојата кариера. Не го исполнивме тоа за кое живеевме, не бевме на нивото на навивачите кои и вчера беа со нас во најтешкиот момент. Но, можеме само да ви се заблагодариме за поддршката и ЗАЕДНО ќе го вратиме клубот каде што припаѓа“ – напиша Барди на својот официјален Инстаграм профил.

Се вчитува...