Роберт Левандовски летово дефинитивно ќе го напушти Баерн Минхен, одлука за која ги известил и челниците на баварскиот гигант. Ова попладнево го потврди и директорот на Баерн, Хасан Салихамиџиќ, истакнувајќи дека разговорите за продолжување на соработката со најдобриот фудбалер на овој тим не вродиле со плод.
„Разговарав со Левандовски, кој јасно ми кажа дека не сака да ја прифати нашата понуда за нов договор. Тој сака да го напушти Баерн, директно ми кажа дека сака да игра на некое друго место пред да ја заврши кариерата“, изјави Салихамиџиќ во пресрет на денешниот дуел од последното коло во Бундес-лигата против Волфсбург.
Левандовски и сезонава е најдобар стрелец во Бундес-лигата, постигнувајќи 34 гола на досегашните 33 средби од елитното германско фудбалско друштво.
Јавна тајна е дека желба на полскиот ас е да се пресели во Барселона, трансфер што би можел да биде реализиран до крајот на овој месец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА