Бројот 46 кој долги години беше заштитен знак на Валентино Роси во мото-спортот и официјално ќе биде повлечен од употреба за Мото ГП шампионатот, соопштија челниците на ова натпреварување.
Повлекувањето на 46-ката на Роси ќе се случи на неговата домашна трка во Тоскана, закажана за две седмици, на која специјален гостин ќе биде токму „докторот за мотоциклизан“.
Валентино Роси освои девет шампионски титули, седум од нив во Мото ГП, стигнувајќи до 115 победи и 235 места на подиумот пред да ја заврши својата фантастична кариера на крајот од ланската година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА