Голманот на Вардар, Филип Гачевски, видно револтиран реагира на случувањата во последното коло од Втората лига – Запад, во кое Воска остана непоразена на гостувањето против Силекс.
Ваквиот исход значи дека Воска ќе се натпреварува во баражот за влез во елитата, додека Вардар и следната сезона ќе биде дел од Втората лига, нешто што според Гачевски било познато и пред да почнат денешниот натпревари.
„За нас за жали заврши сезоната како што е. Дадовме максимум труд и срце на терен. Фудбалот носи среќа и фудбалот понекогаш е суров. За жал, она што се случуваше оваа сезона во Втората лига – Запад е незапамтено. Сакам да потенцирам дека однапред се знаеше се! И за крај денес во Кратово умре македонскиот фудбал и фудбалската игра. Силекс Кратово, Господ е голем. Вардар бил и ќе биде најдобар клуб во Македонија“, напиша Гачевски на својот фејсбук-профил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА