Следната сезона интересна Втора лига: Вардар, Пелистер, Тетекс, Борец, Охрид…

Повеќе од интересна единствена Втора лига од следната сезона го очекува македонскиот фудбал.

Веќе се познати 12 екипи кои ќе ја сочинуваат единствената екипа, а се очекуваат уште последните четири екипи кои ќе ја дополнат второлигашката конкуренција. Досега познато е дека следната сезона во Втората лига ќе се натпреваруваат Вардар, Пелистер, Борец, Охрид, Тетекс, Гостивар, Беса, Пехчево, Кожуф, Саса, Детонит јуниор и Слога Виница.

Баражот за опстанок во Првата лига во кој ќе учествуваат Скопје, Тиквеш, Воска спорт и Беласица ќе одлучи кои две поразени две екипи ќе играат во Втората лига, а последните две места ќе бидат пополнети со уште две екипи од Третите лиги.

Како што е познато, од Втората лига сезонава испаднаа Осогово, Братство, Локомотива, Кораб, Велешта и Кадино, иако Осогово има поднесено и жалба до ФФМ за нерегуларна регистрација на играч на Детонит јуниор.

Се вчитува...