Емотивно: Дрес на Македонија со името на Марко Божиновски, подарок за родителите на починатиот ракометар (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кадетската репрезентација на Македонија и тимот на Бутел го отвораат денешниот ден во куп завршницата со натпреварот во чест на прерано починатиот млад ракометар Марко Божиновски.

Пред почетокот на натпреварот претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов на фамилијата на Марко и подари дрес  со бројот девет од македонската репрезентација.

Врамениот дрес во име на семејството го прими таткото на Марко, Ристо Божиновски.

 

 

 

Се вчитува...