Бадел е на добар пат да се закити со уште една титула во женскиот кошаркарски шампионат откако скопскиот тим поведе со 2-0 во финалната серија против Баскет Кам, добивајќи го вториот меч во Каменица со минимални 68-69.
Дуелот беше суперинтересен, откако Баскет Кам и без повредената Јелена Антиќ го контролираше резултатот, па во последната четвртина имаше и огромно водство од осумнаесет поени (65-47). Сепак, наместо рутинско приведување на победата до крај, домашните кошаркарки ги преспаа завршните минути, Бадел направи серија од 19-0, го сврте резултатот во своја полза и стигна до победата. Кризата, односно празните минути на домашниот тим, со тројка ја прекина Алексиќ за предност на домашната страна (68:66), на 45 секунди до крајот. Во следниот напад Кметовска постигна кош по офанзивен скок, за ново израмнување (68:68). А откако Тасевска не реализираше за Баскет Кам 2011, повторно Кметовска со едно слободно погодено фрлање го врати Бадел 1862 во водство од (69:68).
Во последниот напад Пуљизовиќ не успеа да погоди и да му донесе победа на Баскет Кам 2011 кој сега се наоѓа на раб на пораз во финалето. Бадел 1862 има големи, има огромни 2-0 во серијата која се сели во Скопје, каде на 18 мај (среда), е предвидено да се игра мечот број 3 од големото финале.
Трајчевска беше најдобар играч во победничката екипа со 24 поени, 10 скока и 5 асистенции. Кај Баскет Кам 2011 каде беше видливо неиграњето на повредената Јелена Антиќ, најефикасна беше Тасевска со 20 поени, а Пуљизовиќ оствари 18 поени и 12 скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА