Чаир „гори“: По долги години повторно шампионска титула се слави (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Чаир повторно слави. По долги години очекување шампионскиот фудбалски трофеј повторно на Чаир во рацете на екипата на Шкупи која денеска официјално крунисана на врвот на македонскиот клупски фудбал.

Тимот на Гоце Седлоски сосема заслужено стигна до титулата, доминирајќи во текот на целото првенство, па на крајот не можеше да се избегне ниту големото славје денеска на стадионот во Чаир.

Чаирчани трофејот во своите раце го добија од претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, па престојново лето ќе ја претставуваат Македонија во квалификациите за Лигата на европските шампиони.

 

Се вчитува...