Талески: Карактерот, Вардар, името Вардар го реши натпреварот; знаев дека ќе го постигнам ревашачкиот гол

Вардар стигна до рекордната 15. титула во Купот на Македонија, откако во неверојатен натпревар во финалето славеше над големиот ривал Еурофарм Пелистер со 23-22. Херојот на скопскиот состав беше Филип Талески кој со „бомба“ во последниот напад на средбата го постави конечниот резултат.

МВП-то на Ф4 турнирот во Кавадарци кој ја освои и титулата најдобар стрелец по натпреварот не го криеше задоволството од големата победа, велејќи дека победи големината на Вардар, а и знаел дека тој ќе го постигне победоносниот гол.

„Карактерот. Вардар. Името Вардар е многу тешко и мислам дека во изминатите пет, шест години покажува дека има еден голем карактер и кога губи и кога победува и едноставно не се откажува до последната секунда. Тоа го докажавме и денеска. Водевме па ни направија серија од 4-0 што не е допустливо меѓутоа што е тука е. Во второто полувреме имавме негатива и од пет гола, но верувавме во тоа што бевме договорени во соблекувална. Победата ни беше во глава и на крај мислам дека пресуди карактерот на Вардар и поголемата желба. Повторно честитки го екипата на Еурофарм Пелистер, но во тие клучни моменти немаа некој клучен играч“, изјави Талески кој потоа додаде дека Вардар во ниеден момент не верувал дека ќе ја загуби титулата:

„За мене можам да кажам дека не. Од отварањето на натпреварот, првите десет минути потоа не менаше некаде до 50. минута.  Имав доста грешки во напад и во одбрана, меѓутоа последните десет минути бев на ниво. Може да ви каже и Мишевски, му кажав дека ќе го решам натпреварот и тоа се случи“

Се вчитува...