Повремениот македонски репрезентативен голман Дејан Илиев, после повеќе од 6 месеци пауза се врати меѓу диреците. Тој веќе втор натпревар по ред е на голот на својот тим Тренчин. Негов прв меч беше со Микулас минатото коло, а бранеше и против Сеница, во два меча во кои неговиот тим забележа победи од 5-2 и 0-3.
„Чувството е прекрасно да се вратиш и да го работиш тоа што го сакаш. Минав доста тежок период со повредата на левото колено со која и рехабилитацијата беше комплицирана, но на крај сум среќен што е тоа позади мене. Имав операција на менискусот, и обично опоравувањето не е долго, но кај мене беше потребно многу време“, рече Илиев за „ЕКИПА“.
Тој се надева дека ова ќе му овозможи кам-бек и во националниот тим.
„Сон на секој играч е да ја преставува војата земја, па така и замене се надевам дека ќе бидам дел од оваа златна генерација која прави чуда и ја прави целата држава горда“, ни изјави Илиев.
Последен пат Илиев настапи за Серед во меч со Сеница на 2. октомври минатата година. Потоа се најде на клупата на дуелите со Лихтенштајн и со Германија, и од тогаш следува долга пауза поради повреда.
Во меѓувреме го напушти тимот на Арсенал, и се пресели во Тренчин со кого има договор до јуни 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

