Кошаркарите на ЦСКА Москва би можеле идната сезона да играат во Евролигата, но не да бидат домаќини во Москва, туку во Белград, пренесуваат српските медиуми.
Руските екипи се исфрлени од ова натпреварување, поради почетокот на руска инвазија врз Украина. Така ЦСКА, Зенит и Уникс не играат во Евролигата, а Уникс не настапува во Европкупот.
Сепак, ЦСКА наводно побарала да игра во Евролигата, и тоа натпреварите како домаќин да ги игра во друга земја, поточно во српскиот главен град, каде што викендов ќе се игра Ф4 во Евролигата.
Раководството на Евролигата наводно се обидува да му ја одземе А лиценцата на московскиот тим, но тоа правно не е можно со оглед дека само самиот тим може да се откаже од лиценцната.
Се очекува на состанокот кој ќе биде овие денови во Белград да биде донесена конечна одлука околу враќање на московскиот тим во Евролигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА