Женската ракометна екипа на ЦСКА Москва, се пласираше во финалето на плеј-офот и ќе се бори за титула во рускиот шампионат. ЦСКА вечерва со 32-28 славеше и во вториот натпревар со женскиот тим на Звенигород, и така обезбеди пласман во финалниот меч, а таму нашата репрезентативка Сара Ристовска за титула ќе се бори против Ростов.
Вечерва Ристовска имаше скромен учинок со постигнат еден гол на реваншот. Ристовска и ЦСКА ќе имаат можност да го бранат пехарот освоен лани, а претходно го освоија и Купот на Русија.
Ристовска е во ЦСКА веќе трета година откако во 2019 се приклучи на рускиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА