Миралем Пјаниќ ова лето ќе добие нов клуб, пренесуваат шпанските медиуми. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина кој вториот дел од сезоната го помина во Бешикташ сеуште е под договор со Барселона, но Чави не смета на неговите услуги.
Искусниот играч од средниот ред би можел да се врати во Италија, но не во дресот на Јувентус и Рома каде бележеше одлични настапи туку во Наполи како соиграч на нашиот Елис Елмас.
Сега 32-годишникот богатата кариера ја започна во редовите на Метз по што следеше трансфер во Лион, а подоцна Рома и Јувенутс по трансферот во каталонскиот гигант во 2020 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА