Анадолу Ефес ќе биде ослабен за претстојниот фајналфор турнир во Белград откако тренерот Атаман остана без помошта на Крунослав Симон. Хрватскиот ветеран е значителна поддршка за Ларкин и Мициќ на бековските позиции, но проблемите со коленото го лимитираа неговото учество и во четвртфиналната серија со Милано (настапи на два меча, со мала минутажа).
Во меѓувреме, состојбата се влоши, па јасно е дека Симон нема да може да му помогне на својот тим во битките за одбрана на европската круна.
„Моето колено е готово. Нема шанси да играм“, прокоментира Симон, кој допатува со тимот во Белград, но нема да може да му помогне на Ефес во полуфиналната пресметка Олимпијакос, како и во големото финале, доколку турскиот тим успее да слави во утрешното полуфинале.
Во втората полуфинална пресметка, утревечер во 21 часот ќе се сретнат шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА