Фудбалерките на ЖФК Каменица Саса стигнаа до премиерната титула во клупската историја во Купот на Македонија. Тимот од Македонска Каменица во финалето од нациоалниот куп славеше над АС Јунајтед со убедливи 4-0.
Каменица Саса поведе со 1-0 со голот на Антонина Шопска уште во 8. минута од мечот. Американската интернационалка Пејтон Чик во 21. минута зголеми на 2-0, а само една минута подоцна беше и 3-0 со голот на Ленче Андреевска. Токму Андреевска во второто полувреме во 51. минута ги постави конечните 4-0.
За Каменица Саса ова е прва историска титула во најмасовното натпреварување во Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА