Одбојкарската репрезентација на Македонија славеше над Албанија со 3-1, по сетови 19-25, 25-18, 25-17 и 25-20 во контролниот натпревар кој се одигра како дел од подготовките во Маврово.
Албанските одбојкари отворија на одличен начин и го добија првиот сет со 25-19. Сепак, „црвено-жолтите“ одиграа далеку подобро во продолжение и со три сетови во низа успеаја да стигнат до конечен триумф.
Новиот селектор на репрезентацијата на Македонија во одбојка, Ратко Павличевиќ имаше успешно деби на новата функција. Вториот контролен натпревар против Албанија се игра на 19. мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА