Еден од најдобрите фудбалери на денешницата Килијан Мбапе, е пред заминување од ПСЖ и веројатно од идната сезона ќе го засили Реал Мадрид. ПСЖ се чини нема никакви шанси да го задржи, но парижаните не се откажуваат од намерата да го задржат својот најдобар фудбалер во моментов, и да не му дозволат да замине во Шпанија.
Во минатото му се нудеа многу пари, неморални финансиски услови за останување, дури се вклучи и францускиот претседател, меѓутоа се чини дека Мбапе сака да оди во Реал.
Сега француските медиуми шпекулираат дека ПСЖ е подгтовен да оди чекор понатаму се со цел да го задржи Мбапе. Наводно му понудил самиот тој да бира кој ќе биде тренер на тимот и кои играчи да бидат донесени, само да остане во тимот и да ја освои титулата во Лигата на шампионите.
🔴 Pour conserver Kylian Mbappé, le PSG lui aurait proposé de lui laisser le choix du futur entraîneur et des joueurs à recruter cet été ! 😳
— BeFoot (@_BeFoot) May 18, 2022
Мбапе во 2017 година од Монако стигна во ПСЖ. Оваа сезона на 45 меча постигна 36 гола и на соиграчите им подели 26 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА