Играч на 8. коло плеј-аут: Горан Главчев (ВИДЕО)

Осмото коло од плеј-аутот на македонската кошаркарска лига донесе три интересни натпревари, а во два од нив беше надмината границата од сто постигнати поени. Кожув славеше во Аеродром против МЗТ Скопје 2 со 76-108, Куманово го доби гостувањето против Академија ФМП со 75-109, а на гостинска победа се радуваа и Ангели кои го добија Работнички со 62-76.

ЕКИПА избор за играч на колото е Горан Главчев кој со 23 поени и реализација 5/10 за три поени го предводеше својот состав во СЦ „Јане Сандански“. Згора на тоа додаде и 9 скока, 5 асистенции и 4 украдени топки.

Се вчитува...