Дисциплинската комисија на романската фудбалска федерација одлучи фудбалерот на Универзитатеа Никушор Банку да биде казнет со шест натпревари суспензија, и 2.200 евра.
Банку го удри македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски со глава како Зидан што го удри Матераци во финалето на СП во 2006 година во Германија. Исто така Банку потоа со топка го удри по глава Ашковски.
Банку доби црвен картон веднаш и го напушти теренот. Тоа беше полуфинале на Купот, а неговиот тим не се пласираше во финалето. Таму ќе игра Ашковски и Сепси против Волунтари.
Видео од инцидентот:
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА