Екс-соиграчот на Адеми го бараат Челси и Тотенхем

Јошко Гвардиол е еден од најбараните стопери во светот на фудбалот. Хрватскиот репрезентативец кој блесна оваа сезона со одличните настапи во дерсот на Лајпциг во Бундеслигата и Лига Европа најверојатно ќе го напушти клубот ова лето, а која ќе биде неговата следна дестинација останува да видиме.

За него постои интерес од Челси кој во 20-годишникот гледа замена за „дупката“ во одбраната која се прави со заминувањата на Андреас Кристенсен и Антонио Рудигер, но „сините“ добија неочекуван конкурент за неговиот потпис.

Станува збор за Тотенхем кој во враќањето во Лигата на Шампионите цели кон нови засилувања, а Хрватот е високо на листата на Антонио Конте, пренесуваат англиските медиуми. За неговите услуги заинтересираните клубови ќе треба да издвојат од 60 до 70 милиони евра.

Се вчитува...