Македонските интернационалци во Бундеслигата, Филип Миркуловски и Филип Кузмановски со победа и реми го завршија 31. коло од Бундеслигата. Миркуловски и Вецлар славеа на гостински терен против Балинген со 24-28 во натпревар во кој скопјанецот постигна два гола од два обида.
На прагот на гостинска победа беа и Кузмановски и Хановер, но завршницата на натпреварот му припадна на Минден кој успеа негативата од три гола да ја претвори во реми со гол на 15 секунди пред крајот на мечот. Битолчанецот натпреварот го заврши со два гола од четири обиди.
Со денешната победа Вецлар се врати во игра за место во разигрувањето за титула и сега се наоѓа два бода зад петтопласираниот Гопинген кој има и натпревар помалку, додека Хановер останува во вториот дел од табелата со скор од 11 победи, две реми и 18 порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА