Нико Ковач е подготвен за камбек со нов тренерски ангажман во Бундес-лигата, и тоа како тренер на Волфсбург. За услугите на екс-селекторот на Хрватска се интересираа неколку клубови ширум Европа, но тој се реши за враќање назад во Германија, каде со успех ги водеше Ајнтрахт од 2016 до 2018 година, и Баерн Минхен освојувајќи двојна круна во сезоната 2018/19.
Весникот „Кикер“ информира дека сите детали се веќе средени, а Ковач ќе потпише тригодишен договор со Волфсбург. Тој ќе го наследи Флоријан Кохфелт, кој доби отказ по одигрувањето на последното бундеслигашко коло. Според германските медиуми, Нико со себе ќе го донесе и својот брат Роберт Ковач, кој ќе му биде прв асистент во стручниот штаб.
„Надзорниот одбор на Волфсбург го фаворизираше Ковач од спортски аспект, бидејќи тој е познат по дисциплината што ја бара во тимот, нешто што му е неопходно на Волфсбург. Затоа, тој е идеален тренер за оваа екипа“, пишува Билд повикувајќи се на извори од највисоката управа на бундеслигашот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА