Двајца македонски репрезентативци вчера имаа многу причини за славење. Александар Трајковски и Стефан Ашковски се закитија со трофеите во Купот на Саудиска Арабија, односно Романија.
Ал Фејха на Александар Трајковски испиша историја откако се закити со првиот Куп трофеј во С. Арабија. Во финалето Ал Фејха го победи големиот фаворит Ал Хилал, и дојде до трофејот. Трајковски беше во стартниот состав на екипата.
#VIDEO: Al Feiha crowned with the first official championship in the club’s history after winning the King’ Cup final 2021 – 2022. (@Alfaihaclub)pic.twitter.com/edJQvJzko3
— Saudi Gazette (@Saudi_Gazette) May 19, 2022
Стефан Ашковски, пак, со Сепси го освои трофејот во Купот благодарение на победата над Волунтари со 2-1. Македонскиот интернационалец беше во стартниот тим и го одигра целиот натпревар.
🏆 Our captain @bogdanmitrea3 🇵🇪 pic.twitter.com/bhSYcMFZ6U
— 🇵🇪 Sepsi OSK in English 🇵🇪 (@SepsiOSK) May 19, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА