Официјално: Русија исфрлена од Евробаскет, но Македонија извиси за нејзина замена

Русија и официјално беше исфрлена од настапот на претстојниот европски шампионат закажан за септември 2022 година, но Македонија нема да го заземе местото на „зборнаја“ на овој Евробаскет. ЦРна Гора е селекцијата што ќе биде дел од групата А на Евробаскет 2022, одлучи денеска ФИБА.

Нашата репрезентација беше последна во квалификациската група со Русија, Италија и со Естонија, „црвено-жолтите“ се надеваа дека по примерот на фудбалот и на ракометот селекциите што играа против Русија ќе го заземат местото на оваа селекција по исклучувањето. Сепак, ФИБА се реши за поинаква одлука, доделувајќи ја вајлд-картата на селекцијата со најдобар скор во квалификациите од репрезентациите кои не се пласирале на европскиот шампионат. Црногорците имаа три победи и три порази и поради овој скор добија билет за Евробаскет 2022.

Оваа селекција ќе биде дел од групата А што ќе се игра во Тбилиси, каде ќе ги одмери силите со селекциите Шпанија, Турција, Грузија, Белгија и Бугарија.

Се вчитува...