ФИФА во Катар го носи судијата кој означи крај во 85. минута!

Судијата од Замбија, Јани Сиказве стана познат ширум светот по хаосот што го направи на натпреварот од Купот на Африканските нации меѓу Мали и Тунис.

Сиказве направи нешто што не се гледа често во светот на фудбалот. Крајот на натпреварот го досуди во 85. минута, па ВАР ја исправи неговата грешка, а потоа во 89. минута дефинитивно го заврши натпреварот.

Тоа не беше крајот на циркусот. Го исклучи играчот Мали Туре, го исклучи ВАР и не сакаше да слуша што зборуваат неговите помошници од собата.

Изговорот за неговата одлука бил топлотен удар. Наводно, по натпреварот завршил во болница и тоа било објаснувањето за се што направил на теренот.

Се вчитува...