Давидовски перфектен во квалификациите, Македонецот ќе стартува од пол позицијата во втората трка во Франција

Македонецот Виктор Давидовски кој вози за тимот на „Cometoyou Racing“ ќе стартува од првата позиција на втората трка што ќе се вози утре на патеката Пол Рикар во рамките од TCR Europe. Неговиот клупски колега Том Коронел беше најбрз во квалификациите и на денесшната трка ќе тргне од првата позиција.

Според пропозициите во „TCR Europe“ освоените места од квалификациите се користа за старт на трката, а на втората се оди по обратен редослед, односно стртува оној што во квалификациите бил на 10 место. Давидовски освои и едне бод од квалификациите од првата сесија каде го освои седмото место.

Лидерот во генералниот пласман Франко Џиролами ќе тргне од 5. позиција на трката. Македонскиот возач имаше одличен почеток на викендот и уште во слободните квалификации покажа дека е подготвен за освојување бодови, а неговиот тим „Cometoyou“ да ја прекине традицијата и да победи првпат на оваа трка.

 

 

Се вчитува...