Шпанската Ла Лига планира да го пријави Пари Сен Жермен за прекршување на финансискиот фер-плеј и да го тужи францускиот клуб откако „светците“ со безобразно многу пари ќе го задржат Килијан Мбапе во своите редови, после пресвртот во сагата за Французинот откако пред три дена веќе беше зачекорен кон „Сантјаго Бернабеу“ и Реал Мадрид.
Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас кој водеше војна со Флорентино Перез за Суперлигата, а отворено се спротивставуваше на ненормалното трошење на пари од богатите шеици во фудбалот, пред сѐ на Катарците во ПСЖ, го посочи првиот човек на парижаните Насер Ал Келаифи како поопасен дури и од проектот за Суперлигата.
Ла Лига ќе го пријави ПСЖ за прекршување на фер-плејот на УЕФА, објави Пако Гонзалез во „Темпо де Хуего“ на Кадена Коп и се чека само официјалното продолжување на соработката на ПСЖ во Мбапе за да се започне постапката за кршењето на правилата за финансиско работење според УЕФА.
„Ова што ПСЖ го прави со продолжувањето на договорот со Мбапе со неверојатните суми на пари, со загуби над 700 милиони евра, а повеќе од 600 милиони евра за плати е навреда за фудбалот. Ал Келаифи е поопасен и од Суперлигата. Како е можно, ПСЖ годинава ќе ја заврши со 650 милиони евра потрошени на плати, а со 300 милиони во загуби. И од каде толкави милиони за Мбапе?!“, објави Тебас.
Ваквата вест е потврдена и од познатиот спортски новинар, Фабрицио Романо, кој на Твитер го објави официјалното соопштение на Ла Лига.
Official statement: La Liga announce they have now reported Paris Saint-Germain to UEFA because of Kylian Mbappé deal. 🚨 #Mbappé
“This is a scandal. We will now report PSG to Uefa, French autorities and EU authorities”. ⤵️📑 pic.twitter.com/ZFFtZN4eTl
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 21, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА