Легендарниот кошаркарски судија Луиџи Ламоника на „фајнл-фор“ турнирот во Беглрад го отсуди својот последен натпревар. Контроверзниот Италијанец судеше во големото финале помеѓу Анадолу Ефес и Реал Мадрид во кој турскиот клуб стигна до втората последователна титула во најсилното првенство на „стариот континент“.
Ламоника првото меѓународно искуство го имаше на Европското првенство во 1997 година, а првиот настап на Ф4 на Евролигата во 2002 година. Во богатата кариера делеше правда на голем број финални натпревари, а ќе остане запомнет и по темпераментот и желбата да биде во центарот на вниманието.
„Го отсудив својот последен натпревар. Беше тоа неверојатно патување. Сакам да останам во кошаркарта, но на друг начин“, изјави Ламоника.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА