Ден за заборав за Ферари: Леклер во аут, Саинз излета… (ФОТО)

Големата награда на Барселона донесе повеќе проблеми отколку возбудувања на стазата. Високата температура на воздухот и стазата го земаа данокот, а најголемиот трагичар е Шарл Леклер.

Воздачот на Ферари кој ја освои пол-позицијата во квалификациите не ги испушти првото место се до 28. круг, но се соочи со проблеми во силата на моторот па мораше пред време да ја заврши трката. Ова е воедно и ден за заборав за Ферари со оглед на тоа што Саиз излета од стазата на почетокот на трката.

Проблемите не ги заобиколија и останатите возачи. Макс Ферстапен има проблеми со ДРС-от и мака мачи да го престигне одличниот Џорџ Расел.

Се вчитува...