Финишот на Премиерлигата донесе возбуда на каква што сите се надевеаа. Манчестер Сити и Ливерпул со последното коло го одлучуваа освојувачот на трофејот, двата тима губеа, но успеаја да стигнат до целосен пресврт, а на „граѓаните“ тоа им успеа за пет неверојатни минути во кои негативата од 0-2 ја претвроија во титула.
По натпреварот Пеп Гвардиола не го криеше задоволството од освоената шампионска титула, а имаше и пофални зборови за ривалот Ливерпул…
„Последниот натпревар е секогаш посебен. Ние сме легенди. Кога ја освојувате титулата во четири од пет години, тоа е поради тоа што овој тим е навистина посебен. Ќе не помнат луѓето. Кога изедначиваме чувствувавме дека имаме шанса да постигнеме и трет гол. Големината на нашиот успех е еднаква со успехот на нашиот ривал, а јас во животот нема видено екипа како Ливерпул. Честитки за нив, но ние поради нив од недела во недела бевме се подобри“, изјави Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА