Илија Несторовски и Удинезе со победа ја завршија сезоната во Серија А откако славеа на гостувањето кај Салернитана со убедливи 0-4. Македонскиот репрезентативец кој се рехабилитираше по тешка повреда натпреварот го започна од првата минута, а во 34. минута ја затресе мрежата за својот клуб по пауза од година и речиси три месеци.
И покрај убедливиот пораз Салернитана и следната сезона ќе биде дел од најдоброто од италијанскиот фудбал, додека во Серија Б покрај Џенова и Венеција ќе се пресели и Калјари кој не успеа да слави во натпреварот против „фенерџијата“ Венеција (0-0).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА