Тренерот на Барселона, Чави Хернандез вели дека финансиските проблеми со кои се соочува Барселона би можеле да ја отворат вратата за заминување на Френки де Јонг од „Камп ноу“.
Тој вели дека поради тоа што клубот би можел да заработи голема сума на пари од трансферот на Холанѓанецот, на крајот ќе мора да се ослободи од еден од своите најдобри фудбалери во минатата сезона.
Прв пик за потписот на Де Јонг е Манчестер јунајтед кого следната сезона ќе го води холандскиот стратег Ерик тен Хаг. Токму Тен Хаг го промовираше Де Јонг во светскиот фудбал откако му даде шанса во Ајакс во сезоната во која клубот беше само на секунди од финале во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

