Крадците на Пиоли направија голема глупост: Се сликаа со медалот и објавија на социјалните мрежи

Милан после 11 години успеа да го освои Скудетото, а вчера низ Милано имаше голема прослава. Милан во неделата го победи тимот на Сасуоло, и така ја освои титулата. Играчите го добија пехарот, а вчера славеа со своите фанови низ градот.

Играчите на Милан добија медали и пехар, а заендо славеа со 20.000 навивачи кои се собраа во центарот на Милано. После славјето се обрати тренерот на Милан, Стефано Пиоли кој замоли да му биде вратен медалот кој му бил украден.

„Во текот на славјето ми беше украден медалот. Би бил многу благодарен кога јавно би порачале да ми го вратат. Тоа е единствениот медал кој го имам“, рече Пиоли.

Иако многумина сметаа дека на медалот ќе се загуби трагот, сепак, ограбувачите кои го сториле делото направија голема глупост и сето тоа јавно го објавија. Тие се фотографирале со медалот на Инстаграм, па уште ставија „таг“ на официјалниот профил на Милан, а еден од нив кажа дека медалот е на продажба.

Се вчитува...