„Тријат раце“ и во Монако – добро ќе инкасираат од новиот договор на Мбапе

И поранешниот клуб на Килијан Мбапе, тимот на Монако добро ќе се „офајди“ од новиот договор на францускиот напаѓач со ПСЖ. Според француските медиуми, во договорот на Мбапе имало клаузула дека според новиот договор Монако ќе треба да добие 35 милиони евра.

Договорот склучен во 2017 година значеше дека 180 милиони евра ќе бидат исплатени во три рати: во 2018 година 90 милиони евра, а во 2019 година 55 милиони евра, со тоа што останатите 35 милиони ќе бидат исплатени при нов договор на Мбапе.

Сега Монако чека исплата од ПСЖ со оглед дека Мбапе пред неколку дена потпиша нов договор до 2025 година. Монако немаше да добие ништо доколку Мбапе се решеше да оди во Реал Мадрид, затоа што тоа ќе го стореше како слободен агент, односно без обесштетување со оглед дека договорот беше до јуни оваа година.

Се вчитува...