Барселона ќе атакува на титулата во Евролига со поранешен соиграч на Перо Антиќ

Барселона две години по ред ја има фаворитската улога за освојување на титулата во Евролигата, но не успева да ја докаже истата на „фајнл-фор“ завршниците. Во сезоната 2020/21 каталонците беа сопрени од Eфес во финалето, а оваа сезона турскиот состав застана на патот во полуфиналето.

Неуспехот ќе донесе и промени во составот на Барселона па така каталонците тргнуваат по потписот на Јан Весели. Чешкиот центар со враќањето во Европа во 2014 година се наметна како еден од најдобрите играчи во најсилното европско кошаркарско натпреварување, а во него Шарунас Јасикевичиус гледа последно „парче од сложувалката“.

Искусниот 32-годишен центар во 2017 година ја освои престижната титула заедно со нашиот Перо Антиќ, а во 2019 година беше прогласен за МВП на регуларниот дел од првенството.

Се вчитува...