Директорот на Интер, Бепе Марота му соопштил на тренерот Симоне Инзаги дека ќе мора да биде продадена уште „ѕвезда“ во летниот преоден рок за да се задоволи финансиската ситуација. Три имиња се споменуваат како можни кои ќе би го напуштиле тимот.
Алесандро Бастони, Милан Шкрињар и Лаутаро Мартинез се меѓу највредните играчи на миланскиот клуб, кој ја загуби титулата од Милан оваа сезона. Еден од овие играчи би можел да си замине, со тоа раководството да добие понуди за Стефан де Фрај, иако се смета дека за него не може да се добијат многу пари.
На оваа одлука дополнително ќе влијаат и евентуалните нови засилувања како Пауло Дибала и Хенрик Мхитарјан, кои би дошле како слободни. Одамна е познато дека во Интер доаѓа Андре Онана.
Самиот Инзаги не бил задоволен од оваа одлука на раководството на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА