Новак Ѓоковиќ успешно ја помина и втората пречка на Роланд Гарос, откако денеска со максимални 3-0 по сетови 6-2, 6-3 и 7-6 беше подобар од Словакот Алекс Молчан. Србинот првите два сета ги освои без никакви проблеми, а во третиот, тенисерот кој сега го тренира Марјан Вајда успеа да го намачи првиот рекет на светот. Во третото коло Ѓоковиќ ќе се сретне Аљаж Бедене од Словенија.
Третиот носител Александар Зверев одигра трилер натпревар против Аргентинецот, Себастијан Баез добивајќи го по пресврт со 3-2, по сетови 2-6, 4-6, 6-1, 6-2 и 7-5. Германецот во петтиот сет при негатива од 4-5 успеа да спаси меч топка и потоа да го приведе мечот во своја корист. Во третото коло Зверев ќе игра против подобриот од мечот меѓу Накашима и Гиреспур.
Пласман во третата рунда во машкиот дел обезбедија и: Оже Алиасим, Нури, Иснер, Крајиновиќ…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА