Македонија веќе има двајца претставници кои ќе се борат за медал на Европското првенство во карате кое се одржува во турскиот град Газиантеп. По Петар Спасеновски кој во категоријата до 84 килограми избори место во борбата за бронза, по истите стапки тргна и Вероника Костовска кај дамите во категоријата до 61 килограм.
Таа иако беше поразена уште во првото коло од Германката, Ана Мигу која стигна до финалето, успеа да ја повлече и нашата репрезентативка во репасажот. Таму Костовска прво беше подобра од Антеа Стиланиу од Кипар со 6-2, па потоа и од Киа Копонен од Финска со 3-0. Во борбата за бронзата таа ќе се сретне со Лаура Сиверт од Франција.
До мечот за бронза не успеа да стигне Ангела Мојсовска која прва обезбеди пласман во репасажот во категоријата до 68 килограми, сепак беше поразена во првата борба од Ерменкаа Анита Макјан со 3-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА