Анадолу Ефес на „фајнл-фор“ турнирот во Белград ја продолжи доминацијата во Евролигата, а не планира за запре на две последователни титули. Турскиот клуб веќе започна со составување на тимот за следната сезона, блиску е до официјализирање на соработката со Вил Клајбурн, а веќе работи и на продолжување на договорот на Шејн Ларкин.
Според европските медиуми на натурализираниот Турчин клубот од Истанбул му нуди седум милиони долари за двегодишен договор, колку што изнесуваше и неговиот последен договор потпишан во 2020 година.
Бекот оваа сезона заедно со српскиот интернационалец Василије Мициќ е главна фигура на тимот. Во Евролигата во просек постигнуваше 14.7 поени со реализација од 43 отсто за два и 38 отсто за три. Згора на тоа додаде и 5.3 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА