Рома испиша историја како прв клуб кој го освоил трофејот во Конференциската лига откако во финалето во Тирана славеше со 1-0 над Фејенорд. Победоносниот гол беше дело на Николо Заниоло кој во 32. минута ја затресе мрежата.
Со истиот фудбалерот на Рома тргна по стапките на легендарниот Алесандро Дел Пјеро како втор најмлад Италијанец кој со 22 години и 327 дена постигнал гол во едно големо европско финале. На поранешниот фудбалер на Јувентус тоа му успеа во 1997 година кога со 22 години и 200 дена ја затресе мрежата на Борусија Дортмунд во финалето од Лигата на Шампионите.
22&327 – Nicolò Zaniolo (22 years, 327 days) is the youngest Italian player to score in a final of a major European competition since Alessandro Del Piero (22 years, 200 days) against Borussia Dortmund in Champions League in May 1997. Fearless.#RomaFeyenoord pic.twitter.com/3oHQ9WwfRB
— OptaPaolo 🏆 (@OptaPaolo) May 25, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА