Бартомеу по 22 години заминува од Евролига, негов наследник Бодирога?

На состанокот на 11 акционери на Евролигата беше изгласано Жорди Бартомеу по 22 години повеќе да не биде директор. За негова смена гласаа ЦСКА Москва, Олимпија Милано, Жалгирис, Макаби, Олимпијакос и Панатинаикос.

Шпанските клубови со помош на турскиот Ефес и Фенербахче не успеаја да му го продолжат мандатот за уште една година. Бартомеу ќе остане во Евролигата, но ќе има статус на надворешен соработник поради големото искуство.

По неговото разрешување, функцијата извршен директор повеќе нема да постои, туку неколку специјализирани комисии ќе бидат задолжени за различни обврски.

Извршниот одбор на Евролигата допрва треба да се избере, а некои медиуми веќе пишуваат дека главната функција би можел да ја има прославениот српски кошаркар Дејан Бодирога, но се споменуваат и генералниот директор на Баерн, Марко Пешиќ, кој е син на српскиот тренер Светислав Пешиќ, и еден од сопствениците на Макаби Тел Авив Дејвид Федерман.

Се вчитува...