Стефан Ашковски веќе е стандарден дел од националниот тим предводен од Благоја Милевски.
Ашковски верувам дека репрезентацијата ќе има уште еден успешен собир, сега со позитивен старт во Лигата на нации. Најпрво на 2. јуни не чека гостувањето против Бугарија во Разград, потоа на 5. јуни е гостувањето во Гибралтар, за да се заокружи со два домашни натпревари против Грузија и Гибралтар на 9. односно 12. јуни во Скопје.
„Не чекаат неколку интересни натпревари, но најпрво се фокусираме на мечот со Бугарија. И Бугарија има навистина квалитетна селекција, ќе биде тежок меч на гости, но ние секако одиме на победа“ – вели Ашковски, веднаш дополнувајќи:
„Имаме краток период за подготовка, но ние и на претходните собири, и покрај кратките подготовки, го дававме максимумот на терен за успех на Македонија. Репрезентација навистина живее како едно големо семејство, веруваме силно во нашиот потенцијал а со селекторот веќе имаме еден начин на работа кој носи успеси и тоа е најважно. Нема да ни биде лесно на овој собир затоа што ќе играме четири натпревари. Ние на сите нив секако ќе одиме на победа, а што ќе ни донесат натпреварите ќе видиме“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА