Новиот хрватски „вундеркинд“ пред трансфер во Серија А

Фудбалерот на хрватскиот Хајдук, Стипе Буик наскоро би можел да потпише договор со италијанскиот калчолигаш, Аталанта. Хрватските медиуми пренесуваат дека 19-годишникот е на мета на тимот од Бергамо, кој подготвува добра понуда за сплитскиот клуб.

Буик би требало да премине во Аталанта за сума од седум милиони евра, а на оваа цифра би дошле бонуси, како и процент од следниот трансфер на младиот фудбалер. Покрај Аталанта во трка за потписот на Буик се и Торино и германскиот Фрајбург.

Буик минатата зима влезе во првиот тим, а сезонава одигра 33 натпревари на кои постигна еден гол и три асистенции. Претходно беше на мета и на Манчестер сити.

Се вчитува...