И младите се собраа за последните два квалификациски меча против Украина и Ерменија (ФОТО)

Младата репрезентација на Македонија до 21 година, денеска во хотел Парк го имаше официјалниот собир во пресрет на предвидените натпревари од квалификацискиот циклус за пласман на ЕП што ќе се одржи во Романија и Грузија 2023.

Нашите млади фудбалери заедно со селекторот Драган Канатларовски и неговиот стручен тим денеска официјално го означија почетокот на подготовките за двата последни квалификациски меча против селекциите на Ерменија и Украина.

На 2. јуни, на тренинг центарот „Петар Милошески” гостува селекцијата на Ерменија. Три дена подоцна, во последното коло од квалификациската група Х, ќе одиграме меч против Украина во Истанбул, Турција.

Репрезентацијата на Македонија по двата последни квалификациски натпревари, на 10 и 12. јуни ќе одигра две контролни средби против селекцијата на Босна и Херцеговина во Скопје.

Се вчитува...