Широки насмевки, ведри лица, максимален оптимизам во очекување на стартот на Лигата на нации (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонските репрезентативци денеска го одработуваат вториот ден од подготовките за стартот на третата сезона од Лигата на нации.

Широки насмевки, ведри лица и максимален оптимизам меѓу избраниците на Благоја Милевски на денешниот тренинг на комплексот „Куќа на фудбалот“ во скопски Аеродром.

Се очекува комплетирањето на националниот тим со Алиоски, Елмас, Барди, Трајковски, Димитриевски… кои ќе се приклучат деновиве, а во насока на што подобра подготовка за првиот натпревар кој Македонија ја очекува веќе на 2. јуни против Бугарија во Разград.

 

Се вчитува...